Телефонски разговор на Трамп со кралот Салман

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика земјите инволвирани во регионалниот спор со Катар да изнајдат дипломатско решение.

Белата куќа соопшти дека Трамп за ова прашање разговарал телефонски со саудискиот крал Салман.

Дипломатската криза почна во јуни кога Бахреин, Египет, Саудиска Арабија и Обединатеите Арапски Емирати ги прекинаа дипломатските односи со Катар заради тврдењето дека Доха финансира екстремисти и блиските односи со Иран.

Катар ги отфрли тврдењата дека финансира екстремисти.

Трамп побара од Салман да направи напори за дипломатско решение како би се запазило единството во борбата со тероризмот.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД