Телефонски разговор Џонсон – Трамп за Брегзит

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон и американскиот претседател Доналд Трамп разговарале по телефон за Брегзит и за американско-британскиот договор за слободна трговија.

„Одличен разговор со премиерот Џонсон. Разговаравме за Брегзит и на кој начин можеме да ги забрзаме работите околу трговскиот договор САД-Велика Британија“, напиша Трамп на Твитер.

Џонсон и Трамп зборувале вчера, непосредно пред самитот на Г7 во Франција, а американскиот претседател додаде дека со нетрпение очекува да се сретне со британскиот премиер во Бијариц во текот на викендот.

Портпаролот на канцеларијата на Џонсон изјави дека тие разговарале за економски прашања, трговските односи, а британскиот премиер го информирал Трамп за последните случувања околу Брегзит.

Би можело да ве интересира

Велика Британија им понуди помош и државјанства на милиони граѓани од Хонгконг

Ана Ололовска

ВИДЕО: Полицијата во Сан Франциско застрела човек, кој бил на колена и со подигнати раце

Ана Ололовска

Еспер ја смени одлуката: Војската останува во Вашингтон

Ана Ололовска

Обама повикува на „вистинска промена во САД“ и на преиспитување на употребата на сила

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Меј со критика до Џонсон: Сака да ја затвори државата од остатокот на светот

Ана Ололовска

Четири лица повредени во оружен напад во Лондон

Ана Ололовска