Телефонски разговор Бајден-Зеленски за дополнителна помош за Украина

Од:

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска соопшти дека имал телефонски разговор со американскиот претседател Џо Бајден за новите санкции против Русија.

„Само што го завршив получасовниот разговор со претседателот на САД. Заеднички ја проценивме ситуацијата на бојното поле и на преговарачка маса. Разговаравме за нов пакет санкции и заострување на постоечките казнени мерки“, напиша Зеленски на Твитер.

Тој додаде дека разговарале и за поддршка во одбраната на Украина, како и за макрофинансиска и хуманитарна помош.

Известувајќи за разговорот, Белата куќа соопшти дека притоа станало збор за дополнителна помош на украинската војска.

„Лидерите разговараа за продолжување на напорите на САД со сојузниците и партнерите да идентификуваат дополнителни капацитети за да и помогнат на украинската војска да ја одбрани својата земја“, се вели во соопштението.

 

 

 

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Двајца загинати во рускиот напад на Суми, соопшти Зеленски

А1он

Во 13 украински региони дојави за наводни мини во државните институции

А1он

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио