Тедрос Аданом Гебрејесус е нов директор на СЗО

Од:

Поранешниот министер за здравство на Етиопија, 52-годишниот Тедрос Аданом Гебрејесус е избран денеска за нов генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО).

Битката за оваа функција се водеше меѓу тројца кандидати. Освен Гебрејесус, за функцијата претендираа и Британецот Дејвид Набаро и Пакистанката Санија Ништар.

За Гебрејесус гласаа 133 делегати, а против се изјаснија 70 делегати на годишната сесија на Светското здравствено собрание во Женева. Тој е избран по гласањето во трет круг.

За првпат Африканец ќе ја предводи оваа организација. Тој ќе ја преземе функцијата на 1 јули од својот претходник, Кинеската Маргарет Чан, која беше директор на СЗО десет години.

Гебрејесус е познат истражувач на маларијата. Тој во своето обраќање истакна дека ќе работи неуморно и вети потранспарентна работа на СЗО.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа