Tаткото на поранешниот работник на ЦИА, Едвард Сноуден изрази уверување дека неговиот син ќе се врати во САД, доколку бидат исполнети одредени услови.
Агенцијата „Мрежа“ наведе дека таткото на Сноуден тие услови ќе ги изнесе во писмо кое преку адвокат најдоцна денес ќе му биде доставено на американскиот државен обвинител Ерик Холдер.
Тој исто така е загрижен дека со неговиот син манипулираат други, вклучувајќи ги и луѓето од „Викиликс“, пренесе „Ројтерс“.
Сноуден побегна од САД во Хонг Конг, неколку недели откако „Гардијан “ и „Вашингтон пост“ објавија информации кои тој им ги даде за тајната програма на американската влада за шпиунажа на интернет.
Тој веќе шести ден се наоѓа на аеродромот Шереметљево во Москва, каде што ја чека одлука од Еквадор за барање на политички азил.
Елена Георгиевска