Човек кој се претставил како татко на Мухамед Емвази, кого медиумите го нарекуваат џихадистот Џихад Џон, тврди дека озлогалсениот маскиран џелат не е негов син.
-Нема никакви докази дека тоа е мојот син- рекол Јасем Емвази за кувајтскиот весник „Ал Кабас“ тврдејќи дека постојат само лажно гласини кои кружат за неговиот син.
Тој додал дека ангажирал адвокат и дека ќе ги тужи сите кои го обвиниле неговиот син дека е убиец во Исламска држава.
Меѓутоа интересно е тоа што одредени британски медиуми деновиве пренесоа наводна изјава на Јасем Емвази во која тој јавно се одрекува од својот син терорист и плачејќи го нарекува „куче“ и животно.
Како што пренесуваат медиумите, во телефонското интервју Јасем започнал да плаче и признал дека се срами од својот син.
Е.Г.