Спасувачите во Газиантеп, Турција денеска го спасија Сезаи Карабас и неговата ќерка Шенгул Карабас по 132 часа спасувачки напори.
This little angel and her dad were rescued after 132 hours without a scratch 🙏🤲🏻🫶 #TurkeyEarthquake #Turkey #Turquia #Turkey_earthquake #earthquaketurkey pic.twitter.com/LqmIc9XVRz
— REPORT WAR (@troy_dalio) February 11, 2023
На видеото што го објави Си-Ен-Ен Турција, може да се слушне како таткото ги моли спасувачите да ја бараат неговата сопруга, за која верува дека е сè уште жива и заробена во урнатините.
Во провинцијата Хатај, екипа спасувачи пронашла 34-годишен маж, Ергин Гузелдоган, 132 часа по земјотресот.
Вкупниот број на жртви во земјотресите што во понеделникот ги погодија Турција и Сирија се зголеми на 25.401.