Талин: Русија неделава двапати го наруши воздушниот простор на Естонија

Од:

Естонија, која е членка на НАТО, тврди дека руски воен авион и го нарушил воздушниот простор во близина на балтичкиот остров Вајндло, што според неа е втор инцидент неделава и трет за еден месец.

Вооружените сили на Естонија соопштија дека авион ИЛ-76 се задржал помалку од една минута во естонскиот воздушен простор.

Естонија тврди дека радиопредавателот на авионот бил вклучен, но екипажот не претставил план за летот и не воспоставил радио контакт со естонската служба за контрола на воздушниот сообраќај.

Естонскиот министер за надворешни работи Свен Миксер го повикал рускиот амбасадор и му врачил протестна нота.

Вооружените сили на Естонија тврдат дека слично нарушување на воздушниот простор имало и во вторникот. Според естонските медиуми, патничкиот авион на Ил-96, вклучен во овој инцидент најверојатно припаѓа на руската претседателска администрација.

Би можело да ве интересира

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Русија: Подготвени сме за сериозни преговори

А1он

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Русија забележа рекордно време за чекање во јавниот превоз