Талибанците прогласија крај на војната во Авганистан – поранешната власт беше слаба, моравме да реагираме

Од:

Талибанците денеска на своето прво јавно појавување по освојувањето на власта од прозападната влада на Ашраф гани, објавија дека војната во Авганистан е завршена и дека сите нивни противници ќе бидат помилувани.

„Војната заврши … лидерот им прости на сите“, рече портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид, додавајќи дека тие се посветени да им дозволат на жените да работат во согласност со принципите на исламот.

Муџахид на светот му ги соопшти плановите на оваа милитантна група во Авганистан, порачувајќи им на жителите на Кабул дека нема причина да се грижат, но посочи дека нивните постапки биле неопходни поради слабоста на претходната влада.

– За жал, претходната влада беше слаба и не ги исполни ветувањата. На улиците немаше полиција, закон и ред, бандите почнаа да ја преземаат власта во земјата, но името на Исламска држава се уште се користеше. Немавме друг избор освен да дејствуваме и да ги пуштиме нашите војници да влезат во градот, рече Муџахид.

Тој на жителите на Кабул им порача дека немаат причина за паника, и дека нивната безбедност е приоритет.

-Ви ветуваме дека ќе бидете безбедни, бидејќи доаѓаме со најдобра намера, изјави поертпаролот на талибанците.

Загриженоста на меѓународната заедница, како што вели Муџахид, е очекувана и целосно оправдана, но територијата на Авганистан им припаѓа само на жителите на оваа земја. Ако странските сили сакаат да бидат распоредени, тие мора да иницираат разговори со талибанците.

-Сосема е нормално што меѓународната заедница е загрижена, но ги уверуваме сите странски амбасади и соседи дека нема причина за грижи. Нема да дозволиме нашата територија да се користи за воени цели. Дадовме ветување – ќе го исполниме, решително изјави портпаролот на талибанците.

Илјадници жители на Кабул се уште се на аеродромот од каде очајно се обидуваат да избегаат од талибанските власти. Американските војници продолжуваат да ја контролираат областа, но се очекува тие да ја напуштат земјата кога вработените во амбасадата и сите нивни граѓани ќе бидат успешно евакуирани. Претседателот Џо Бајден синоќа изјави дека талибанците можат да очекуваат брза и одлучна реакција доколку ги загрозат американските граѓани, но посочи дека военото присуство цо оваа земја веќе не е потребно, со оглед на тоа што авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја напушти земјата и предаде власта.

Иако светот, барем според првичните реакции на светските лидери и организации, се плаши од постапките на талибанците, особено кога станува збор за правата на жените и слободата на медиумите, портпаролот Муџахид кажа дека жените ќе бидат еднакви, а медиумите ќе бидат слободни.

Во врска со положбата на жените под власта на талибанците Муџахид на новинарите им соопшти дека нема да има дискриминација.

-Ги гарантираме правата на жените според шеријатските закони. Тие ќе работат рамо до рамо со нас. Ја уверуваме меѓународната заедница дека нема причина за грижи. Жените ќе можат да работат и учат непречено, рече Муџахид, ветувајќи ја нивната еднаква позиција со мажите.

Кога станува збор за вторатаважна тема – медиумите, портпаролот изјави дека талибанците ќе бидат максимално посветени, доколку нивните активности не се во спротивност со исламските вредности.

-Вие во медиумите треба да обрнете внимание на нашите недостатоци, за да можеме правилно да им служиме на луѓето, но никогаш да не работиме против нас. Мораме да бидеме обединети, рече тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Талибанците пронајдоа американски воени возила вредни седум милијарди долари

Горан Наумовски

Талибанците во Авганистан ги затвораат салоните за убавина

А1он

Талибанците им забранија на жените да работат во невладини организации

Талибанците им забранија на жените да посетуваат универзитети

Пакистански командоси убија 26 талибански борци и ослободија заложници

А1он

Напад во хотел во Кабул популарен кај Кинезите, Талибанците ги убија напаѓачите

А1он