Талибанците подготвени за продолжување на мировните преговори со САД во Доха

Од:

Талибанците денеска порачаа дека се подготвени да ги продолжат прекинатите мировни преговори со САД, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп ненајевно ги посети американските единици во Аваганистан и порача дека верува дека радикалната исламистичка група ќе се согласи на примирје.

Посетата на Трамп на Авганистан за американскиот Ден на благодарноста, прва откако стана претседател, се случи една недела по размената на талибанските и американските заробеници.

-Талибанците сакаат да постигнат договор и ќе се сретнеме со нив, рече Трамп вчера пред новинарите во Авганистан.

„Кажавме дека мора да дојде до примирје, а тие не го сакаа, па сега верувам дека го сакаат. Тоа веројатно и ќе се случи“, рече Трамп.

Лидерите на талибанците за британските медиуми изјавија дека нивни претставници од минатиот викенд оддржуват средби со високорангирани американски претставници во Доха, додавајќи дека наскоро може да почнат и формалните мировни преговори.

Портпаролот на талибанците, Забихулах Муџахид, денеска изјави дека талибанците „се подготвени повторно да почнат разговори“, кои претходно годинава ги прекина Трамп, по нивниот смртоносен напад во Кабул.

Би можело да ве интересира

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес