Талибанците ќе учествуваат на „меѓуавганистански преговори“ во Москва

Од:

Талибанците соопштија денеска дека ќе учествуваат на „меѓуавганистански преговори“ во Москва каде се очекува да се соберат водечки авганистански фигури меѓу кои и поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи, опозициски претставници и племенски старешини. Во тие разговори се очекуваат и претставници од Владата во Кабул.

Средбата ќе почне утре како нов чекор во напорите за крај на 17-годишната војна во Авганистан.

Процесот за прекин на конфликтот се забрза по назначувањето на американскиот претставник за мир, Залмај Халилзад во септември. Тој води посебни преговори со талибанците и покрај тоа што настојува за дијалог во кој би учествувале клучните авганистански претставници.

Би можело да ве интересира

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Ердоган: Турција може да биде идеално место за мировни преговори Украина-Русија

Москва: САД се главниот пандан на Русија

(ВИДЕО) Пожар во зграда во Москва, заробени се околу стотина луѓе

Москва остро реагираше за најавената американска помош на Украина

Москва: Планот на Трамп за Украина не треба сериозно да се земе во предвид