Тајван: Кина ја имитира Северна Кореја со истрелување проектили во водите

Од:

Министерството за одбрана на Тајван тврди дека Кина денеска лансирала 11 балистички ракети „Донгфенг“ во водите во близина на северниот, јужниот и источниот брег на островот.

Министерството за надворешни работи на Тајван, пак, ја обвини Кина дека ја имитира Северна Кореја со истрелување проектили во водите во близина на островот и повика на воздржаност, во време на зголемени тензии во Тајванскиот теснец по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи се наведува дека Кина ја загрозува безбедноста на Тајван и ги повика земјите да го поддржат островот и, како што наведе, „заедно да ги бранат слободата и демократијата“.

Претходно, тајванското Министерство за одбрана соопшти дека кинеската војска денеска истрелала проектили од островот Мацу.

Претходно, источната команда на Народноослободителната армија на Кина објави дека истрелала неколку конвенционални проектили во водите на источниот брег на Тајван, како дел од планираните воени вежби.

Кинеската Народноослободителна армија рано утринава започна големи вежби со боева муниција во водите околу Тајван, еден ден по посетата на Пелоси на Тајпеј.

Пелоси престојуваше во кратка ненајавена посета на Тајван, што наиде на остра осуда од Кина и доведе до зголемени тензии во Тајванскиот теснец.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шолц: На Европа и требаат средства за да ја одврати Русија

Кина воведе санкции за шест американски компании за продажба на оружје на Тајван

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

(ВИДЕО) Голема тепачка на седницата на тајванскиот Парламент

Горан Наумовски