Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Од:

Источната команда на Кинеската Народноослободителна армија денеска започна воени вежби во околината на регион Тајван.

Вежбите ќе се изведуваат во Тајванскиот теснец, потоа на север, исток и јужно од островот Тајван, како и во областите во близина на островите Кинмен, Мацу, Вуки и Донџин, пренесува кинеската новинска агенција Ксинхуа.

Портпаролот на армијата Ли Кси рече дека во вежбите учествуваат трупите, морнарицата и воздухопловните сили и дека вежбите се наречени „Заеднички меч – 2024А“ и ќе траат два дена.

Ли додаде дека вежбите служат како „силна казна за сепаратистичките акции на Тајван“, но и како „цврсто предупредување против мешање и провокации од надворешни сили“.

Американскиот генерал-полковник Сивен Скленка оцени дека кинеската армија „продолжува да вежба клучни елементи за потенцијална воена инвазија на Тајван“, наведува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна

ВИДЕО: Трамп воведе нови царини за Канада и Кина,Трудо и Џипинг веднаш возвратија

Катерина Ѓуровски