„Тајмс“: Зголемена борбената готовност на војниците на НАТО заради тензиите со Русија

Од:

НАТО има намера да го зголеми нивото на борбена готовност на стотици илјади свои војници поради зголемување на тензиите во односите со Русија, објави „Тајмс“, повикувајќи се изјава на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. 

Весникот наведува дека раководството на Алијансата има намера на располагање да стави доволен број војници, кои ќе можат да и се спротивстават на т.н. руска агресија.

Столтенберг изјави дека НАТО многу долго следел како Русија ја зголемува својата борбена моќ, како и на кој начин ја користи пропагандата меѓу сопствените сојузници.

Токму од овие причини НАТО е присилен да и одговори на Москва со најголемото зголемување на колективната безбедност уште од времето на Студената војна, истакна Столтенберг.

– Во рамки на силите на НАТО се наоѓаат доволен број луѓе. Во моментов разгледуваме какви мерки треба да се преземат за да се намали времето за префрлање на овие војници на фронтот, додаде Столтенберг.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата