„Тајмс“: Таен план на ЕУ – стотици илјади азиланти ќе бидат депортирани од Европа

Од:

Стотици илјади баратели на азил, на кои им е одбиено барањето, ќе бидат депортирани од Европа во текот на следните неколку недели, пишува денеска британски „Тајмс“.

Британскиот дневен весник, повикувајќи се на „таен план“ на Европската унија, наведува дека се очекува барањето за азил да им биде одбиено на околу 400.000 лица, кои во земјите на ЕУ влегле во првата половина на оваа година.

Брисел има намера да се закани со повлекување на помошта, откажување на трговските спогодби или визни аранжмани доколку земјите, како Нигера или Еритреја, не се согласат да ги примат назад своите економски емигранти.

Во нацрт текстот за кој утре ќе разговараат министрите за внатрешни работи на ЕУ се предлага што повеќе бегалци да се вратат во нивните земји, бидејќи растот на бројот на оние кои се враќаат може да ја одврати илегалната миграција и доаѓањето во Европа.

Предлог на тој „таен план“, исто така, соддржи одредба според која земјите на ЕУ во притвор ќе држат илјадници баратели на азил на кои им е одбиено барањето за да ги пречат да побегнат во пресрет на депортацијата.

Би можело да ве интересира

Пронајдени тела на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија