Тајланд ја продолжува вонредната состојба до крајот на август

Од:

Тајланд ќе ја продолжи вонредната состојба до крајот на август, со цел да се спречи натамошно ширење на коронавирусот, изјави денеска Сомсак Рунгзита, генерален секретар на Советот за национална безбедност.

Како што пренесуваат странските агенции, оваа изјава на тајландски претставник е дадена по цели два месеца без нови потврдени случаи на локално пренесување на вирусот, поради што жителите на Тајланд реагираат дали е навистина уште неопходно да има вонредна состојба во земјата.

Генералниот секретар на Советот за национална безбедност посочи дека указот за продолжување на вонредната состојба е неопходен затоа што лекарите тоа го бараат од државата, но и затоа што Тајланд се повеќе се отвора за повторно придвижување на меѓународната деловна соработка и туризмот со цел зајакнување на националната економија.

Би можело да ве интересира

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач

ВИДЕО: Русин скокна во смрт од храм на Тајланд