Тајани: Франција и Италија имаат различни интереси во Либија

Од:

Франција и Италија имаат различни политички ставови за ситуацијата во Либија и покрај официјалната позиција на Европската унија, изјави денеска претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани.

Тој ги повика земјите на ЕУ да зборуваат со заеднички јазик по повод новата либиската криза, каде што во тек е битка за главниот град на земјата.

– Ни треба единство, потребно е да имаме заеднички јазик, но, за жал, Европа е поделена по ова прашање, изјави Тајани, додавајќи дека и Франција и Велика Британија имаат различни интереси.

Тој, исто така, потсети на улогата на Франција и Велика Британија при смената на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи во 2011 година, со забелешка дека тоа беше грешка.

Франција има нафтени објекти во источниот дел на Либија, а последниве години му обезбедува воена поддршка на командантот на либиската национална армија Калифа Хафтар.

Италија, од друга страна, го поддржува премиерот Фајез ал-Сараџ.

Болниците во Триполи и околината пријавија дека во борбите во главниот град на Либија загинале 47 лица, а околу 180 се повредени, соопшти вчера Светската здравствена организација.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во следните неколку дена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он