СЗО задоволна од мерките што Кина ги презема во врска со коронавирусот

Од:

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека мерките што ги презема кинескиот град Вухан за спречување на ширењето на коронавирусот, покажуваат посветеност за намалување на ризикот на локално и меѓународно ниво.

– Она што тие го преземаат е многу силна мерка и тоа го прават со целосна посветеност. Многу е значајно што тие преземаа активности за кои сметаат дека се соодветни со оглед на ситуацијата, изјави директорот на СЗО, Тедрос Аханом Гебрејесус.

– Ние им нагласивме дека со преземање на одлучна акција не само што ќе ја контролираат епидемијата во својата нивната земја, туку и ќе ги намалат шансите оваа епидемија да се прошири на меѓународен план. Тие го сфатија тоа, додаде тој.

Кинескиот град Вухан, во кој беа регистрирани првите случаи на новиот коронавирус, претходно одлучи да ги затвори сите сообраќајни и транспортни мрежи, а на граѓаните им беше советувано да не го напуштат градот.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа