СЗО: Во Иран и Индија се наоѓаат најзагадените градови во светот

Од:

Во градот Забол во Иран, каде за време на летото често има песочни бури, забележан е најзагаден воздух на планетата, а по него следат индиските градови Гвалиор, Алахабад, Патна и Рајпур, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Експертите на СЗО истакнуваат дека иако Индија се соочува со „огромен предизвик“, многу земји се во толку лоша состојба што дури немаат ниту систем за контрола на воздухот поради што не можеле да бидат рангирани.

Индиската престолнина Њу Делхи го зема деветото место на листата, што е напредок во однос на 2014 година, кога е прогласена за најзагаден град во светот.

Истражувањето на СЗО, кое е спроведено во 3.000 урбани места, покажува дека само два проценти од градовите во сиромашните земји ги исполнуваат стандардите на СЗО во поглед на квалитетот на воздухот, во однос на 44 отсто од богатите градови, кои ги исполнуваат критериумите.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа