СЗО: Во Европа има висока смртност поради загадувањето на животната средина

Од:

Секоја година, најмалку 1,4 милиона Европејци умираат заради болести предизвикани од загадување на животната средина, што е 15 проценти од вкупниот број умрени на годишно ниво во Европа, се наведува во извештајот што денеска го објави Светската здравствена организација (СЗО).

Околу половина од овие смртни случаи се предизвикани од надворешно загадување на воздухот, како и со загадување на воздухот во затворен простор.

Регионалната канцеларија за Европа на Светската здравствена организација (СЗО/Европа), Економската комисија на Обединетите нации и програмата за животна средина на ОН ги повикаа европските лидери да се ангажираат во превенција на смртните случаи предизвикани од загадување на животната средина.

– Во ерата на одржлив развој, ние можеме да спречиме 1,4 милиона смртни случаи предизвикани од загадување на животната средина, на начин што ќе направиме здравјето да биде политички избор во сите владини сектори, изјави регионалната директорка на СЗО за Европа Сузана Јакаб и ги повика сите европски лидери да ја засилат политиката на одржлив развој и на тој начин да одговорат на здравствените предизвици во 21 век.

Овој повик, како што се наведува, доаѓа во пресрет на Шестата министарска конференција за животна средина и здравје, што денеска почнува во Острава, во Чешка.

Новиот заеднички извештај на СЗО, Економската комисија на Обединетите нации и програмата за животна средина на ОН е објавен под називот „Животната средина и здравјето за европските градови во 21 век: создавање промени“.

Факторите на ризик што ги создава загаденото животно опкружување е причина за околу 26 проценти од исхемиските (конорарни) болести на срцето, 25 проценти од мозочните удари и 17 проценти од туморите во Европа.

Најголем „убиец“ во Европа кога станува збор за животната средина е загаденоста на воздухот, што е причинител за 620.000 смртни случаи на годишно ниво.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа