СЗО: Протоколот за борба против шверц на цигари стапува во сила од септември

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти денеска дека Меѓународниот протокол за борба против шверц на цигари, кој во ноември 2012 година го усвоија 170 земји, ќе стапи во сила во септември, откако во средата го ратификуваше и Велика Британија.

Со британската ратификација „достигнат е потребниот број на страни во Протоколот“, односно 40 ратификации, нагласи СЗО. Документот ќе стапи во сила за 90 денови, поточно на 25 септември.

– Ова е историски ден во борбата против цигарите, напиша на Твитер шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, оценувајќи го Протоколот како „суштинска етапа кон свет без цигари“.

Усвоениот договор треба да ја усогласи борбата против шверцот на цигари, кој опфаќа 10 отсто од светскиот пазар и ги чини државите најмалку 30 милијарди долари годишно во неплаќање данок.

Протоколот е усвоен во Сеул во ноември 2012 година, за време на министерската конвенција на учесниците на Рамковната конвенција на СЗО во борба против цигарите. Само 20 земји не се потписнички на Конвенцијата, а меѓу нив се САД, Швајцарија, Индонезија, Аргентина и Чешка.

Би можело да ве интересира

Камионџија превезувал суровини за бои и лакови, а под церадата сокрил „БМВ“

Горан Наумовски

Мобилен тим на Царинската управа спречи шверц на 3.590 таблети „трамадол“

Горан Наумовски

Спречен шверц на стоматолошка опрема, цигари, икони и зачини

А1он

Спречен шверц на месо опасно за здравјето – Камион на грчка фирма носел четири тони месо од дивеч во Македонија

Спречен шверц на опрема за скијање

Србин уапсен на Табановце, шверцувал папагали