СЗО: Приближно 960 луѓе загинаа при напади врз болници

Од:

Речиси 960 луѓе се убиени во последните две години при напади врз здраствени институции ширум светот, се наведува во најновиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО).

Во извештајот се посочува дека во текот на 2014 и 2015 година на Блискиот Исток, во Африка и во други делови од светот извршени се 594 напади врз болници и клиники, при што загинале 959 лекари, медицински сестри и друг персонал, пациенти и посетители, а над 1.500 се повредени.

– Во над 60 проценти од нападите здраствените институции биле мета, додека 20 отсто нападите биле случајни, а за другите не е утврдено. Повеќе од 50 отсто од нападите ги извршиле официјални вооружени сили, една третина милитантни групации, а за другите напади не е познато кој бил сторителот, посочува СЗО.

Најголем број од вкупните напади врз здравствените институции се забечежени во Сирија – 228 или речиси 40 проценти од вкупниот број на напади.

– Тое е голем проблем. Нападите врз здравствените работници не се изолирани инциденти, тие не се случајни и не престануваат да се случуваат, изјави претставникот на СЗО, Брус Ајлвард. 

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа