Во последните неколку недели приближно 340 лица се убиени во борбите во источниот дел на северниот сириски град Алепо, информира денеска Светската здравствена организација (СЗО), цитирана од британските медиуми.
-Во борбите меѓу владините сили и нивните сојузници, од една страна, и бунтовниците и исламистите, од друга, загинаа 338 лица, меѓу кои 106 деца. Во судирите, исто така, се ранети и 846 лица, вклучувајќи и 261 малолетници, изјави високо позициониран претставник на СЗО.
Тој побара да се прекине со убиствата и нападите врз медицинскиот персонал и болниците, како да се даде можност за евакуирање на ранетите и за доставување хуманитарна помош до населението.
Источен Алепо е контролиран од бунтовниците. Пред една недела владините сили почнаа копнена офанзива за преземање на овој дел од градот.