Преголемата брзина е причина за смртта на најмалку еден од тројца загинати во сообраќајните незгоди низ светот, соопшти Светската здравствена организација (СЗО) во извештај што е објавен пред Светската недела за безбедност на патиштата.
– Во последните неколку години нема никакви промени во оваа тенденција, изјави портпаролката на СЗО, Лора Сминки.
Извештајот што беше објавен по повод четвртата Светска недела на ОН за безбеднсот на патиштата (од 8 до 14 мај), го означува почетокот на кампањата „Намалете ја брзината – спасете живот“.
Предвидени се стотици настани за зголемување на свесноста и информираноста – главно околу училиштата во Јужна Африка, Бразил и Кина, и најмногу во земјите со ниски и средни приходи, каде сообраќајните незгоди со фатален исход се најбројни.
„Брзината е во центарот на светскиот проблем со сообраќајните незгоди“, во коминике посочи генералниот директор на СЗО, Маргарет Чан.