СЗО предупредува за зголемен број на заразени бебиња со ХИВ во Украина

Од:

Стотици бебиња се заразени со ХИВ вирус во источниот дел на Украина, каде здравствените установи беа мета на вооружен напад и повеќе не можат да го спречат пренесувањето на вирусот од мајки на деца, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

– Безбедноста на крвта не може да се гарантира, наведува СЗО, додавајќи дека зградата на „Банката за крв“ во Доњецк била нападната и предизвикана е огромна штета.

Пред да започне конфликтот меѓу украинската војска и проруските сили, во Доњецката област имало околу 28.000 регистрирани случаи на ХИВ, што претставува највисоко ниво на заразување во Украина.

Над 1.800 деца со ХИВ-позитивни мајки ја загубиле социјалната помош во реонот на конфликтот.

СЗО предупреди дека има и се почести случаи на заболени од туберкулоза, каде во Доњецката област, која е под контрола на бунтовниците, е забележано зголемување од пет отсто.

Здравствениот систем во источниот дел на Украина е сериозно нарушен поради нападот на 78 здравствени установи, а СЗО соопшти дека во аптеките повеќе нема речиси никакви резерви од најпотребните лекови, меѓу кои и вакцините.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа