СЗО предупредува на најсмртоносните болести

Од:

Светската здравствена организација предупреди на незаразните болести што се причина за најмногу смртни случаи во светот и побара државите да ги засилат напорите за да постигнат цели поставени во 2015 година.

Во својата прва евалуација, СЗО нагласува дека „светот не е на патот да ги исполни целите“ на намалување на смртноста од незаразни болести до 2030 година.

– Постигнат е напредок, но многу ограничен, изјави Даглас Бечер директор на одделот за превенција на незаразни болести во СЗО. Тој додаде дека е потребна итна акција.

Незаразните болести убиваат повеќе од 40 милиони луѓе секоја година од кои 15 милиони на возраст меѓу 30 и 70 години. Повеќе од 80 отсто од тие смртни случаи се во категоријата „предвремени“.

Најголем број животи одземаат кардиоваскуларните болести – 17,7 милиони годишно, следуваат рак со 8,8 милиони, болести на дишните патишта – 3,9 милиони и дијабетес кој убива 1,6 милиони луѓе.

За да се промени ефикасноста на борбата против незаразните болести СЗО постави 19 цели меѓу кои – зголемена цена на цигарите, усвојување национални политики во поглед на конзумирање сол и промоција на доење.

Во извештајот се вели дека најмногу направиле Костарика и Иран со исполнети 15 од 19 цели. Следат Бразил, Бугарија, Турција, Британија…Ниту една цел не исполниле Ангола, Екваторијална Гвинеја, Гвинеа Бисао, Јужен Судан.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа