Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека се потребни 108 милиони евра за финансирање на планот за борба против зика вирусот во период од 18 месеци.
СЗО додава дека фокусот ќе биде ставен на жените, кои се во поодминати години за раѓање.
Зика вирусот, кој го пренесуваат комарци, неодамна е поврзан со сериозни нарушувања при раѓањето, како што се намалена глава на новороденчињата и невролошки оштетувања.
Епидемијата на тој вирус зафати повеќе од 60 земји, а најмногу Бразил, каде за помалку од два месеца се одржуваат Олимписките игри.