СЗО: Пораст на бројот на заболени од сипаници на светско ниво

Од:

Светската здравствена организација вчера предупреди дека се неуспешни обидите за спречување на ширењето на сипаниците и оти бројот на заразени лица на светско ниво минатата година се зголеми за 50 проценти.

Според извештајот на СЗО случаите на морбили се во пораст и во богатите држави, каде вакцинирањето е традиција.

– Нашите податоци покажуваат значителен пораст на случаи на сипаници. Тоа го има во сите региони. Има жаришта, кои се во пораст, изјави директорката на СЗО одговорна за имунизација, вакцини и биолошки продукти Катерин О’Брајан.

Во светот се регистрирани повеќе жаришта на сипаници меѓу кои Украина, Мадагаскар, Демократска Република Конго, Чад и Сиера Леоне. Само на Мадагаскар од октомври 2018 фо 12 февруари 2019 година регистрирани се 66.278 заболени од морбили од кои 922 починале

Земјите треба да достават информации за случаите на морбили регистрирани во 2018 година до април. Но, според досегашните информации во 2018 година регистрирани се 229.000 заболени од сипаници, додека во 2017 година нивниот број изнесувал 170.000.

Според првичните податоци на СЗО, минатата година од сипатници починаа околу 136.000 луѓе во светот.

 

 

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа