Светската здравствена организација (СЗО) не е подготвена да се справи со кризата како што е епидемијата на ебола, што бара темелни измени, поддржани со поголеми средства, предупредуваат експерти.
Повеќе од 11.000 луѓе починаа во последните 18 месеци од ебола, најмногу во западно африканските земји – Сиера Леоне, Либерија и Гвинеја, каде оваа болест и понатаму продолжува да одзема животи.
Во извештајот од средбата на независните експерти на ОН се наведува дека во првите месеци од кризата, генералниот директор на СЗО, Маргарета Чан и раководството не се покажале храбри и независни во одлуките, па беше потребно со тоа да се занимаваат владите на загрозените држави.