СЗО: Нападите врз здравството се дел од стратегијата на Русите, а цивилите се користат како шаховски фигури

Од:

Од почетокот на руската инвазија регистрирани се повеќе од 80 напади врз здравството во Украина, изјави денеска директорот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус.

– Огорчени сме што продолжуваат нападите врз здравството. Од почетокот на инвазијата на Русија, имаше 82 напади врз здравството, што резултираше со најмалку 72 смртни случаи и 43 повредени, вклучувајќи пациенти и здравствени работници, изјави денеска Тедрос.

– Нападите врз здравството се кршење на меѓународното хуманитарно право и мора веднаш да прекинат, додаде тој.

Мајк Рајан, директор на Програмата за итни здравствени ситуации на СЗО, рече дека постои голема разлика меѓу проблемите со пристап до здравствена заштита за време на конфликти и конфликти кои се активно фокусирани на здравството.

– Постои многу голема разлика помеѓу таа ситуација и ситуацијата во која на населението активно му се ускратува пристап до здравствена заштита, каде што навистина отсекувањето на луѓето е дел од тактиката. Тоа е дел од воената стратегија, рече Рајан.

– Тоа не се луѓе фатени во магла на војната. Тоа не се луѓе кои се само погодени од конфликтот. Тоа се луѓе кои се директни цели и се користат како стратешки алатки, како шаховски фигури на ужасна, убиствена табла на која немаат право ниту потреба да бидат, додаде тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари