Над седум илјади лица се убиени, а околу 37 илјади се ранети од почетокот на конфликтот во Јемен, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Според СЗО, 21 милион лица во земјата, која има 25 милиони жители, имаат потреба од медицинска помош. Повеќе од половината здравствени установи во Јемен целосно или делумно не функционираат.
Овие податоци на СЗО се од 25 октомври.
Конфликтот во Јемен се води меѓу силите на меѓународно признатата Влада и сунитската коалиција, предводена од Саудиска Арабија од една страна и шиитските бунтовници Хути, поддржани од Иран од друга.
Меѓународните организации предупредуваат за ризиците од глад во земјата и за појава на колера во некои региони.