Организацијата на ОН задолжена за здравство соопшти дека над 270 илјади пешаци ги губат животите на патиштата во светот и повикаа за подобрување на условите за одвивање на сообраќајот.
СЗО наведува дека пешаците се 22 отсто од вкупно 1,24 милиони луѓе кои годишно гинат во сообраќајни инциденти.
Тие повикуваат на донесување нови закони со кои ќе се ограничи брзината, да се стави крај на возењето по употреба на алкохол. Да се намали употребата на мобилни телефони за време на движење, да се подобри осветлувањето на патиштата и да се градат шатеки за пешаци.