На секои 40 секунди во светот се случува по едно самоубиство, а на секои три секунди има обид за самоубиство, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.
Во рамки на ЕУ, во 2014 година се реализирале над 57 илјади самоубиства и тие претставуваат 1,2 отсто од вкупниот број смртни случаи во Унијата, чија бројка истата година изнесувала 4,9 милиони.
Бројот на самоубиствата во ЕУ е поголем кај припадниците на машкиот пол. Во Унијата се регистрирани над 44 илјади самоубиства кај мажите и над 13 илјади меѓу жените.
Највисока стапка на остварени самоубиства на сто илјади жители е регистрирана во Литванија (32 случаи), а потоа следуваат Летонија, Унгарија и Словенија со по 19 самоубиства на сто илјади жители.
Најниска стапка на самоубиства по глава жител е регистрирана во Грција и Кипар, по пет случаи на сто илјади лица.
Во целина во ЕУ најголем број самоубиства во 2014 година се реализирани во Германија (над 10.300), Франција (над девет илјади), Полска (шест илјади), Шведска (над четири илјади), Италија и Шпанија (по 3.900).
Земја со најмалку самоубиства во ЕУ е Малта (36), а по неа се Кипар (43) и Луксембург (75).
Самоубиството е една од трите главни причини за смртноста кај младите Европејци на возраст од 15 до 35 години.