Секои 40 секунди еден човек во светот извршува самоубиство, што во просек изнесува околу 800.000 самоубиства годишно, соопшти денеска Светската здравствена организација.
Според податоци од 2012 година, стапката на самоубиства од 12,7 на 100.000 жители е регистрирана во високо развиени држави, додека во државите со средни или ниски приходи таа цифра е 11,2.
Најголема стапка на самоубиства (44,2) е регистрирана во Гвајана, Северна Кореја (38,5) и Јужна Кореја (28,9). Во европски рамки предничи Литванија со стапка од 28,2.
Во богатите држави најчест повод за самоубиство е депресија додека во сиромашните е – заразна болест најчест мотив за самоубиство.