СЗО: Климатските промени можат да однесат стотици илјади животи

Од:

Експерти на Светската здравствена организација (СЗО) предупредуваат дека екстремните временски прилики и глобалното затоплување можат да однесат стотици илјади животи.

Со тоа ваквите промени ќе го олеснат ширењето на низа болести како маларија, денга грозница или чикунгунија, соопшти Светската здравствена организација.

Според податоците на СЗО, климатските промени го загрозуваат квалитетот на воздухот, водата и исхраната.

Со продолжување на постоечките трендови глобалното затоплување меѓу 2030 и 2050 година ќе биде одговорно за смртта на 250.000 луѓе годишно.

Со зголемување на бројот на гладни, водечки причини за зголемена смртност ќе бидат и дијареата и екстремните жештини.

Експертите предупредуваат дека последиците од климатските промени нема да бидат ограничени само на земјите во развој.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски