СЗО ја прогласи Либерија за земја слободна од вирусот на ебола

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи денеска Либерија за земја во која населението повеќе не се заразува меѓусебно со вирусот на ебола, пренесува ТАСС.

– СЗО ја прогласува Либерија за земја, слободна од заразување со вирусот на ебола, така што минаа 42 дена, откако на 22 јули е добиен втор негативен резултат на тестовите на последниот лабораториски потврден случај на заболен со вирусот. Сега за Либерија започнува 90-дневен период на зголемено набљудување, се наведува во соопштението на организацијата.

Ефективниот одговор на епидемијата на ебола во Либерија се должи на интензивната внимателност и брзото реагирање на владата и многубројните партнери, наведува СЗО.

Организацијата потсетува дека на 9 мај Либерија веќе беше прогласена за држава слободна од вирусот на ебола, но на 29 јули болеста повторно се врати. Властите брзо реагираа, а СЗО најави дека ќе продолжи со помош и во следните три месеци на зајакнато набљудување на ситуацијата.

Епидемијата на ебола низ целиот свет однесе вкупно 11.305 жртви, а 28.1090 беа заразени. Во Либерија животот го загубија 4.808 локални жители, во Сиера Леоне 3.953, а во Гвинеја 2.529 лица.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа