СЗО ја одложи проценката на руската вакцина Спутник

Од:

Светската здравствена организација објави дека проценката на руската вакцина против коронавирусот Спутник V засега е одложена поради „нестабилната ситуација“.

Експертот за вакцини на СЗО, Маријанхела Симао, на брифинг со новинарите рече дека официјалните лица на здравствената агенција на ОН првично требаше да ја посетат Русија на 7 март за да ги проценат капацитетите каде што се произведува Спутник V – само неколку недели откако Русија ја нападна Украина.

„Овие инспекции се одложени за подоцнежен датум“, рече Симао.

„На проценката, заедно со инспекциите, влијаеше ситуацијата“, рече таа, објаснувајќи дека резервацијата на летот била тешка и дека има проблеми со кредитните картички и „некои други оперативни проблеми“.

Западните земји главно го затворија својот воздушен простор за руските авиони откако Русија ја нападна Украина и воведе широки санкции за руските финансиски институции.

„Ова е разговарано со руските апликанти и ќе бидат поставени нови датуми што е можно поскоро“, рече Симао.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукна брана во Русија: Прогласена е вонредна состојба, наредена е евакуација

Се урна руски воен хеликоптер, нема преживеани

Трагедија во Русија: 40 лица се удавија, меѓу кои и деца

Русија го нападна Киев со беспилотни летала

Русија осуди американски новинар: 16 години затвор

Русија за обидот за атентат на Трамп: САД поттикнуваат омраза кон политичките противници