СЗО: Цигарите првата и најголема причина за смрт во светски рамки

Од:

Глобалната епидемија на пушење цигари секоја година предизвикува смрт на околу шест милиони жители на планетата, како и на околу 600.000 лица кои не се пушачи, но страдаат од пасивно пушење, предупредува Светската здравствена организација (СЗО) по повод утрешнот ден, 31 мај, што се одбележува како Светски ден без цигари.

– Ако владите во светот не ги преземат неопходните мерки, до 2030 година директните жртви на употребата на цигари ќе се зголемат на осум милиони годишно, сметаат експертите на СЗО, истакнувајќи дека пушењето цигари е првата и најголема причина за смрт во светски рамки.

Истражувањата покажуваат дека во ЕУ пушењето ја причинува смртта на повеќе од половина милион лица секоја година.

Се смета дека 25 отсто од сите смртни случаи, предизвикани од рак и 15 отсто од сите смртни случаи во ЕУ можат да бидат припишани на пушењето цигари.

Според последните податоци на европската статистика – пасивното пушење ја причинува смртта на над 16.000 непушачи меѓу населението на ЕУ.

Целта на претстојниот Светски ден без цигари е да ги натера земјите во светот да ја почитуваат Рамковната конвенција на СЗО за борба против пушењето цигари, да воведат строги мерки за луѓето кои почнуваат да пушат или продолжуваат да пушат со цел да се намали нивниот број во светски рамки, и да се воведе целосна забрана на стимулирање и спонзорирање реклами на тутунски производи.

Би можело да ве интересира

Меџити: Мора да се одвикнеме од пушењето, лекувањето е поскапо за болестите што тоа ги предизвикува

Орце Костов

Меџити најави ригорозни мерки против пушењето во 2024: Нека си ја мислат пушачите

Негувателка во градинка во Велес им дала на децата да пробаат електронски цигари: Суспендирана е од работа

Орце Костов

(ВИДЕО) Царинска управа: Запленети 120 килограми тутун и 19 илјади парчиња цигари

Горан Наумовски

Во Федерацијата Босна и Херцеговина од денеска нема пушење на затворени јавни места

Гевгеличанец се обиде да шверцува голема количина цигари без документација