(ВИДЕО) Царинска управа: Запленети 120 килограми тутун и 19 илјади парчиња цигари

Од:

Во координирана акција на Секторот за контрола и истраги на Царинската управа и Единицата за економски криминал при Министерството за внатрешни работи, денеска во Тетово кај едно лице се пронајдени и запленети 120 килограми режан тутун за пушење и 19.000 парчиња цигари без акцизни маркички.

Со ова, како што информираат од Царинската управа, е спречен обид за пуштање во промет акцизна стока, за која е избегнато плаќање на акцизни давачки.

Стоката е привремено одземена, а од страна на Царинската управа против лицето ќе бидe поднесенa кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

Царината заплени 135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол на зелениот пазар во Чаир

Наука, регулатива и избор: трите двигатели на светот без чад

А1он

Во Словенија откриена нелегална фабрика за цигари – запленета стока вредна 30 милиони евра

А1он

(ВИДЕО) Спречен шверц на змии на „Богородица“

А1он

ОЈО: Истрага за царинските измами со цигари – штетата на Буџетот е над 4 милиони евра

А1он

Унгарец на „Табановце“ се обиде да внесе непријавени 200.000 евра

А1он