СЗО: Бројот на жртви досега од ебола во Западна Африка е 729

Од:

Светската здравствена организација денеска соопшти дека бројот на жртвите од епидемијата на ебола во Западна Африка е 729. Нови 57 смртни случаи беа соопштени за периодот 24-27 јули во Гвинеја, Либерија, Нигерија и Сиера Леоне.

СЗО додава дека нигериските власти идентификувале досега 59 луѓе кои имале контакти со американски граѓанин кој почина во Лагос во минатата недела по патување од Либерија во Того и Гана.

Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) соопшти дека СЗО не препорачува ограничување на патувањата или затворање граници заради епидемијата од ебола и оти нема посебен ризик за останатите патници ако во авион има заразен човек.

Би можело да ве интересира

Во напад на болница има 70 загинати

А1он

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски