Светската здравствена организација (СЗО) побара зголемување на данокот за цигарите, истакнувајќи оти таквите мерки ќе доведат до намалување на бројот на пушачи.
Барањето е во согласност со постоечката Конвенција за контрола на тутунските производи, што е потпишана од 179 држави.
СЗО истакнува дека зголемувањето на цената на цигарите поради поголемите даноци директно е поврзано со намалување на пушењето кај младите лица и кај луѓето со ниски приходи,.
Во насоките на СЗО се препорачува дополнителните даночни приходи од продажбата на цигари да бидат наменети за финансирање на програмите наменети за борба против пушењето.
СЗО предупредува дека чадот од цигарите кај доенчињата и малите деца предизвикува чест бронхитис и други болести на дишните патишта, како и дека секои осум секунди едно лице умира од штетното делување на тутунот.