Свинскиот грип во 2009 година зеде 200.000 животи

Од:

Глобалната пандемија на свински грип (вирусот Х1Н1), во 2009 година предизика смрт на 200.000 луге во целиот свет, проценуваат медицинските експерти на Светската здравствена организација. Истражувањата што СЗО ги има направено покажуваат дека најмалку 20 отсто од луѓето или една петина од човечката популација беа зафатени со заразaта со свинскиот грип. Половината од нив беа деца на училишна возраст.

Податоците за степенот на раширеноста на заразата СЗО ја има направено врз основа на сознанијата што ги има добиено од здравствените власти на 19 земји во светот.

Сознанијата на експертите откриваат дека бројот на лугето заразени со вирусот Х1Н1 бил многу поголем од бројот на лугето кај кои болеста се развила и кои морале да бараат лекарска интервенција. 24 отсто од луѓето биле инфицирани со вирусот, а цели 50 отсто од училишните деца покажале знаци на заразеност и на заболување.

Вирусот на свинскиот грип се појави во април 2009 година во Мексико и веднаш брзо се рашири низ светот, претворајки се во пандемија. Вирусолозите сега трагаат по откривањето на антителата што се развиваат во телата на лугето нападнати од оваа зараза и за борбата на имунолошкиот систем на луѓето со овој вирус. Експертот од лондонскиот Империјал колеџ, Марија ван Кирхоф, која работи на анализата на сознанијата од СЗО, објасни за британските медиуми дека две лица на секои 10.000 заразени умреле како последица на вирусот Х1Н1.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО