Светски сојуз за борба против сексуалната злоупотреба на децата на интернет

Од:

Еврокомесарот за внатрешни работи и правда Сесилија Малмстром и американскиот секретар за правда Ерик Холдер денеска во Брисел ќе го промовираат Светскиот сојуз за борба против сексуалната злоупотреба на децата на интернет.

Иницијативата има за цел да го привлече вниманието на властите во цел свет за објавувањето на видеоматеријали со детска порнографија на интернет, за да може подобро да се идентификуваат жртвите и да им се пружи помош, како и да се уапсат сторителите.

Иако Европската унија има строги нормативни инструменти за борба со детската порнографија, педофилите често се надвор од Унијата.

На промоцијата на Светскиот сојуз за борба против сексуалната злоупотреба на децата на интернет ќе учествуваат министри и други владини претставници на 27 земји-членки на ЕУ и претставници од други 21 држава – САД, Албанија, Австралија, Камбоџа, Јужна Кореја, Хрватска, Грузија, Јапонија, Молдавија, Црна Гора, Нов Зеланд, Нигерија, Норвешка, Филипини, Србија, Швајцарија, Тајланд, Турција, Украина и Виетнам.

Русија не е членка на овој Сојуз и покрај тоа што на нејзина територија во 2011 година се откриени повеќе 9.500 сајтови со детска порнографија.

Во моментот на интернет има над еден милион видеоснимки со детска порнографија. Сопред податоците на Обединетите нации секоја година на интернет се ставаат по 50.000 слични видеоматеријали.

Би можело да ве интересира

Обвинение за 63 годишен, допирал 14 годишно девојче во воз

Предраг Петровиќ

Хрватски пејач осуден за детска порнографија

Музичарот педофил претепан и избоден во затвор: „Го држеа како заложник шест часа“

Предраг Петровиќ

Карлос Сантана: Му простив на човекот кој сексуално ме злоставуваше кога бев дете

(ВИДЕО) Се повеќе случаи на педофилија и силување малолетници – Безбедни ли ни се децата?

На адресите ширум Србија пристигнуваат спам мејлови за педофилија: Не отворајте ја поштата

А1он