(ВИДЕО) Се повеќе случаи на педофилија и силување малолетници – Безбедни ли ни се децата?

Од:

Над 300 осудени за педофилија и сексуално злоставување на малолетници кај нас. Најголем број случаи се од Скопје.

Само за еден месец неколку случаи ја вознемирија македонската јавност. Во последниот – малолетното девојче прво било опиено од 20 годишна девојка која потоа ја соблекла и ја држела за две машки лица да можат да ја силуваат. Ваков опис на настаните ќе го вознемири секој родител и нормално е да се запрашаме безбедни ли ни се децата?

Во Македонија од 2012 година постои регистар на педофили. Секој граѓанин може со пребарување по име и презиме, прекар, или место на живеење и општина, да види дали во нивна близина живее некој сторител на вакво кривично дело. Регистарот содржи податоци за името и презимето, датумот на раѓање, адреса на живеење, кривичното дело за кое е осуден и фотографија.

Бројката од 300 осудени е од оние кои се заведени во овој регистар. Најмногу има од Скопје околу 60-сетина, Прилеп 16, Велес 14, Струмица 12 – на листата осудени има и 13 жени.

Како функционира погледнете во анализата на Скен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Го убив мажот, ме тепаше – A1он со жените зад решетки

Катица, Јанкулоска, Боки – како познатите затвореници се однесуваат во затворот?

(ВИДЕО) A1он во Идризово: Бегствo од затворот – Тунелот пропадна, но не и обидите

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Пропаѓаат банки преку ноќ – безбедни ли ви се парите во македонските банки

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Загадениот воздух нè убива – никој не е загрижен, само добро се глуми

(ВИДЕО) Новогодишна депресија во Скопје: Кој ја украде новогодишната магија?

Анита Петровска Рајковиќ