Карлос Сантана: Му простив на човекот кој сексуално ме злоставуваше кога бев дете

Од:

Легендарниот гитарист Карлос Сантана изјави дека му простил на човекот кој го малтретирал и сексуално го злоставувал кога бил дете. Како што наведе, злоупотребата се случувала на возраст од 10 до 12 години, речиси секој втор ден.

Му требало многу време и труд за да му прости на овој предатор, но гитаристот истакнува дека со тоа нашол мир и спокој и дека повеќе не се навраќа на грдите слики од минатото.

„Мојот син и јас вчера разговаравме за ова, дека прифаќањето и простувањето се навистина духовни. Научив да ги гледам сите што некогаш сакале да ме повредат или да ме понижат како да имаат пет или шест години, и во состојба сум да имам разбирање и сочувство“, рече Сантана во неодамнешното интервју за магазинот People.

„На пример, оваа личност која сексуално ме злоставуваше, наместо да го испратам во пеколот засекогаш, јас го визуелизирав како дете, а зад него имаше многу светлина. Па можам да го испратам кон светлината или да го испратам во пеколот, но ако го испратам во пеколот, одам со него и јас. Но, ако го испратам кон светлината, тогаш ќе одам со него и таму. Има една изрека „Повредени луѓе повредуваат луѓе.“ Болката е моја, бидејќи тоа мене ми се случи. Но, ако ги отворам рацете, ако ја пуштам, тогаш веќе не ја чувствувам“, додаде тој.

Сантана првпат јавно проговори за злоупотребата во 2000 година во интервју за Ролинг Стоун. Потоа, меѓу другото, истакна дека преку граница го носеле „речиси секој втор ден“ на американскиот турист од Бурлингтон, Вермонт, а се се случувало од 1957 до 1959 година, кога имал меѓу 10 и 12 години.

Инаку, насилникот постојано му купувал на малиот Карлос подароци, храна, облека и играчки, а се спријателил и со неговите родители. Сето тоа конечно завршило кога насилникот му удрил шлаканица на Сантана затоа што гледал низ прозорецот во девојката во која бил заљубен.

“И тогаш се разбудив. Го погледнав за прв пат како што беше: многу болен човек”, рекол Карлос.

Сантана признал и дека иако бил жртвата, се обвинувал себеси.

„Сакаш да се лутиш на себе затоа што не знаеш да се справиш. Умот има многу подол начин да те натера да се чувствуваш виновен: ти си виновникот, срам да ти е, ти си тој што си го направи ова на себе“ – рече Сантана.

Инаку, документарниот филм за животот на славниот Карлос Сантана, наречен „Карлос“, премиерно ќе биде прикажан денеска на филмскиот фестивал „Трибека“, сабота на 17 јуни, пишува „Дејли мејл“.

Би можело да ве интересира

Обвинение за 63 годишен, допирал 14 годишно девојче во воз

Предраг Петровиќ

Хрватски пејач осуден за детска порнографија

Музичарот педофил претепан и избоден во затвор: „Го држеа како заложник шест часа“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се повеќе случаи на педофилија и силување малолетници – Безбедни ли ни се децата?

На адресите ширум Србија пристигнуваат спам мејлови за педофилија: Не отворајте ја поштата

А1он

Карлос Сантана колабирал поради дехидрираност