Светски лидери им ја честитаат победата на Бајден и Харис

Од:

Повеќе светски политичари му ја честитаа победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД. Меѓу првите е шефот на германската дипломатија Хајко Мас.

„Добро што конечно имаме неколку јасни бројки. Со нетрпение очекуваме да работиме со следната американска влада. Ние сакаме да инвестираме во нашата соработка за нов трансатлантски почеток, нов договор”, напиша Мас на Твитер.

Премиерот на Ирска Мајкл Мартин, кој напиша: Сакам да му честитам на новиот избран претседател на САД Џо Бајден, кој беше вистински пријател на оваа нација во текот на целиот свој живот и со нетрпение очекувам да соработувам со него во следните години. Исто така, со нетрпение очекувам да го пречекам дома кога ќе дозволат околностите!

Премиерот на Фиџи Франк Баинмарама му честиташе на Бајден на победата, порачувајќи му дека дека ќе соработуваат за сузбивање на климатските промени. „Заедно, имаме планета за спасување од климатската криза и да ја обновиме глобалната економијата по Ковид-19. Сега, повеќе од кога и да е, потребни ни се САД за да ги зациментираме овие мултилатерални напори“, напиша тој на Твитер, додавајќи дека САД треба што е можно поскоро да се вратат во Парискиот договор за климата.

Премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис му честиташе на Бајден и оцени дека тој е вистински пријател на Грција и изрази убеденост дека за време на неговата администрација ќе зајакнат врските меѓу двете земји.

Градоначалникот на Лондон Садик Кан на Фејсбук упати честитки до двоецот Бајден-Харис оценувајќи дека е дојдено време повторно да се градат мостови, а не ѕидови.

Шкотската премиерка Никола Старџен упати честитки, посебно нагласувајќи ја важноста на изборот на Камала Харис како прва жена во Белата куќа.

Премиерот на Малта Роберт Абала, честитајќи го изборот, оцени дека инспиративен е моментот за избор на прва жена во Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

Бајден направи грешка, не си издаде превентивно помилување, вели Трамп

Горан Наумовски

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство

Бајден и Трамп заедно одат кон Капитол каде новиот претседател на САД ќе положи заклетва