Сведоштво на учителка од школото во Шведска: Слушнав истрели, видов како ги извлекуваат ранетите

Од:

Неколку лица се застрелани во училиште во централна Шведска. Пукањето се случи во Оребро, 200 километри западно од Стокхолм. Полицијата соопшти дека за сега не е јасна тежината на повредените.

Според официјалните информации пет лица се повредени, додека неофицијалните информации што ги објави шведската јавна телевизија укажуваат дека има повеќе загинати, а најмалку 15 се повредени. Нападот се случил нешто пред 13 часот, а властите ги повикуваат жителите да се држат подалеку од училиштето.

Марија Пегадо, 54-годишна наставничка, изјави за Ројтерс дека некој ја отворил вратата од нејзината училница веднаш по паузата за ручек и викал сите да излезат.

„Ги извадив сите 15 ученици во ходникот и почнавме да бегаме. Потоа слушнав два истрели, но се извлековме. Бевме во близина на влезот на училиштето. Видов како луѓето ги извлекуваат ранетите, прво еден, па потоа друг“, рече Пегадо.

Би можело да ве интересира

Избори во Шведска: Тесна трка меѓу левицата и десницата, можна историска владина улога за крајната десница

МВР: Оружен инцидент во Арачиново, ранет е 48-годишен маж

Горан Наумовски

Шведска нуди до 32.000 евра за доброволно враќање во матичната земја

Ужас во Швајцарија: Убиено едно лице, петмина ранети во пукање на рејв забава

Предраг Петровиќ

Крвав семеен конфликт во Велико Градиште: Полицаец уби зет и 19-годишна внука, па се самоуби

Напаѓач со мачета повреди неколку луѓе во училиште во Шведска

А1он