Најмалку 150 затвореници избегале од затвор на индонезискиот остров Суматра во текот на немирите предизвикани поради прекин на електрична енергија, пренесе „Би би си“.
-Затворениците беа вознемирени поради струјата и проблемите со вода, поради што подметнаа пожар, грабнаа оружје и 15 вработени – изјави портпаролот на покраинската полиција на Северна Суматра, Херу Пракосо.
Неколку стотини полицајци и војници се обидуваат да воспостават ред во затворот „Танџунг Густа“ во градот Медан на Суматра.
Затворот е познат по проблемот од пренатрупаност, бидејќи во него имало 2.400 затвореници, иако официјално капацитетот бил 400 лица.
Елена Георгиевска