А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Левица: Корупцијата царува во затворите – животот во казнено поправните установи под секое човечко ниво

by А1он30/06/2024 - 15:33364
Share0

Во затворот „Идризово“ се случила масовна тепачка меѓу затворениците. Повеќе лица се здобиле со тешки повреди, додека едно лице било претепано до смрт. Ова е последен инцидент во долгата серија на настани што се имаат случено во затворот „Идризово“ изминативе години: од филмските обиди за бегство, до оваа масовна тепачка. За жал, се чини дека ова нема да биде последен ваков случај, се вели во соопштението од Левица.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Животната состојба во затворите е повеќе од загрижувачка и нехумана. Ова го потврдува и Годишниот извештај на Народниот правобранител во кој се опишува катастрофалната состојба во однос на хигиената, но и пренатрупаностна на просториите, кои пред сè, се извор на ширење на заразни болести. Условите за живот во казнено – поправните установи во Македонија се далеку под секој човечки минимум.

Катастрофалните животни услови во КПУ се и еден од изворите што поттикнуваат појава на корупиција. Според она што го споделуваат затворениците, затворската полиција, чии припадници во повеќе наврати се фатени во обид да шверцуваат забранети предмети во затворите, се основна алка во корумпираниот систем. Потсетуваме дека во повеќе наврати околу затворите беше прогласувана кризна состојба со што се овозможи војската и регуларната полиција да ги обезбедуваат затворите, но, очигледно, дека и тоа имаше краткорочни ефекти, без да ги донесе потребните резултати, а проблемите продолжуваат да се таложат.

Живот под секое човечко достоинство е недозволив! Дополнително, условите во КПУ се далеку под стандардите на КПД во земјите на ЕУ, затоа Левица бара ветинг на севкупната работа на затворите и затворската полиција, како и сеопфатна реформа поткрепена со дополнителни обуки за затворската полиција, кои ќе помогнат да се зголеми нивото на спремност и професионалност на нејзините припадници. Левица апелира дека на затворите им е потребно итно реновирање и зголемување на капацитетите, но и унапредување на програмите за ресоцијализација на затворениците, каде што преку индивидуален пристап, труд и едукација, ќе бидат подготвени за реинтеграција во општеството“, велат од партијата.

Следете a1on на Youtube YouTube
levicazatvori

Би можело да ве интересира

Левица: ВМРОвскиот закон за студентски стандард со каталог на заострени казни го штити системот од студентите

Горан Наумовски23/07/2026 - 15:10

Левица: Клековски ги искара професорите и докторите додека ВМРОвски аматери, вклучувајќи го и него, го водат јавното здравје

Горан Наумовски22/07/2026 - 19:34

Левица: Гостивар е цената што ја плаќаме за партизирана држава

Горан Наумовски22/07/2026 - 17:50

Левица: На гостиварци им течел отров од чешмите, институциите потфрлиле

Катерина Ѓуровски21/07/2026 - 10:03

Левица: Недозволиво е Мицкоски да ја сведува државната реакција на флаширана вода и префрлање одговорност за Гостивар

А1он20/07/2026 - 15:11

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски19/07/2026 - 12:2919/07/2026 - 13:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео