Судот во Стразбур ја осуди Русија поради апсењето на Каспаров во 2007 година

Од:

Руските власти ги прекршиле правата за слободно собирање и здружување, кога во 2007 година го уапсиле опозицискиот лидер и поранешен светски шаховски шампион Гари Каспаров, за време на протест во Москва, реши денеска Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Приведувањето на Каспаров, кој е остар критичар на Кремљ, и на осуммина други руски опозиционери, според Судот, „не претставувало соодветна мерка за зачувување на јавниот ред“.
Каспаров, кој во 2007 година беше еден од лидерите на опозициското движење „Втората Русија“, беше држен пет часа во полициска станица, по што против него беше покрената судска постапка и беше казнет со 1.000 рубљи (28,5 евра) поради „учество во неодобрен протест“.

Судот во Стразбур реши руските власти на Каспаров да му исплатат 10.000 евра отштета.
Поранешниот светски првак во шах сега живее во Женева. Двајца други тужители ќе ја добијат истата сума, а останатите шестмина ќе добијат по 4.000 евра, како отштета за нанесената морална штета.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски